Започна спроведувањето на проектот „Грижа за стари, осамени и изнемоштени лица“

Општината Крива Паланка започна со реализација на Програмата „Општинско-корисна работа“ во чии рамки е спроведувањето на Проектот „Грижа за стари, осамени и изнемоштени лица“.

Проектот е подржан од страна на Организацијата за развој при Обединети Нации – УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РМ заедно со Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка.

Преку Проектот кој започна со реализација од 15 септември 2016 година и ќе трае се до 17 март 2017 година, односно за период од 6 месеци се ангажирани 8 (осум) лица активни баратели на работа од социјалната, здравствената и прехрамбената струка кои континуирано со скратено работно време од 20 часа неделно ќе спроведуваат предвидени активности од проектната програма во девет поголеми рурални населби и тоа: Мождивњак, Длабочица, Тлминци, Конопница, Дурачка Река, Станци, Жидилов, Узем и Костур.

Ангажираните лица ќе даваат социјални услуги во домашни услови од социјалната, здравствената и прехрамбената струка, воедно ќе се извршуваат и одредени волонтерски работи по потреба и барање од страна на крајните корисници на услугите.

Кон крајот на минатата недела успешна работа на ангажираните лица им посака Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски и Општинскиот координатор на Проектот Бранко Велиновски, како и членовите на Општинската комисија на Проектот. Исто така од страна на Црвениот Крс на РМ Општинска организација Крива Паланка, претставувана од Претседателот Жаклина Цветковска и Секретарот на Организацијата Дарко Пешовски беше спроведена презентација за активностите кои во изминатиот период ги оранизираше оваа организација.

Исто  така од страна на одговорното лице на Центарот за социјални работи Олгица Ристовска беше спроведена воведна обука за ангажираните лица за областа на социјалната заштита додека од страна на Д-р. Андриан Јакимовски од Медицинскиот центар се спроведе воведна обука од областа на здравствената заштита.

Од страна пак на Општинскиот координатор Бранко Велиновски се спроведе основна обука во делот на запознавање со теренот, крајните корисници и начинот на комуникација и спроведување на активностите.

Во текот на денешниот ден се започна со првата теренска посета на ангажираните лица на крајните корисници во руралните населби Костур, Узем и Тлминци.

dscn0133-medium dscn0137-medium dscn0141-medium dscn0148-medium dscn0149-medium