„Бели Ноќи“ во чест на Денот на независноста

На 8 Септември 2016 Република Македонија прославува 25 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

На овој датум во 1991 година убедливо мнозинство односно повеќе од 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

Во таа чест и во Крива Паланка на 07.09.2016 година се организира манифестацијата “ Бела Ноќи“ со следната програма:

19.15 – Отварање на изложба на дела од детската ликовна колонија „Лазар Софијанов 2015“ и етно изложба на рачни ракотворби

19.20 – Поетско читање на литературни творби на поетите од Литературниот клуб „Калин“

20.00 – Театаска престава „Огнена љубов“ во изведба на Драмското студио при Центарот за култура

Воедно, Ве информираме дека Општина Крива Паланка, согласно на Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одржување на културни, туристички и друг вид манифестациии бр.07-1544/41 од 03.06.2013 година, за прославувањето на 25 годишнината од самостојноста на Република Македонија за 07 септември 2016 година на угостителските објекти го продолжува работното време за 2 часа од редовното работно време.