Се санира свлечиштето на патот Крива Паланка-село Дурачка Река

Со засилен интензитет се работи на санација на големото свлечиште на патниот правец Крива Паланка – село Дурачка Река настанато по минатогодишните поројни дождови.
Подолго време се правени испитувања на теренот, во консултација со надлежните служби, а по стабилизирање на земјиштето, се премина на решавање на овој проблем со поставување габиони.
Градоначалникот истакна  дека се користи овој период на суво и стабилно време без врнежи да се санира комплетната зафатена површина.

За санација на свлечиштето вложени се буџетски средства од општина Крива Паланка.

Градоначалникот Алексовски истакна дека свлечиштето кое затрупа дел од локалнито пат во село Станци е круцијален проблем на кој постојано се работи.

– На патот до село Станци не може да се отстрани свлечиштето, станува збор за огромна маса земјиште и опасност да се активира повторно. Направивме т.н. бај-пас решение со премостување на пат преку Станечка Река кој продолжува кон село Станци, додека во консултација со Министерството за транспорт и врски на РМ  веќе се работи на изготвување проект за пробивање  нов пат до маалата Метов бидејќи постојниот не смее да се користи- додаде Алексовски.

5 3

2 1

4

 

Големина на фонт
Контраст