Создавање можности за вработување на младите од руралните средини

Во општина Крива Паланка започна со работа „Работен клуб“ во рамки на  проектот „Создавање на можности за младите од руралните средини“ кој се спроведува од Центарот за економски анализи ЦЕА и Федерацијата на фармери на Република Македонија, финансиран од програмата на ИПА – Развој на човечки ресурси, на Европската Унија.

Општата цел на проектот е да се овозможи вклучување на младите од руралните средини на пазарот на трудот од Североисточниот регион на Р.Македонија.

Проектот „Создавање можности за вработување на младите од руралните средини“ ги поддржува младите невработени лица од руралните средини во Североисточниот регион, преку обезбедување можности за зголемување на вештините за вработување, зголемување на конкурентноста на пазарот на труд, како и создавање можност за професионален развој. Активностите на проектот ќе бидат анализа на пазарот на труд во Североисточниот регион, организирање на Саеми за кариера, отварање работни клубови и обезбедување на практикантска работа за млади невработени.

Доколку сте невработени, на возраст од 20-39 години ги имате следните можности:

  • Бесплатни обуки
  • Практикантска работа во компанија од регионот
  • Практикантска работа во локален Работен клуб

Заинтересираните невработени лица имаат можност да ги подобрат своите практични вештини, преку неколку месечна платена пракса во локална компанија и да ги зголемат своите меки вештини преку посета на работните клубови во Крива Паланка, Липково и Старо Нагоричане.
Може да се аплицира за во работни клубови и компании на http://cea.org.mk/oglas-za-prijavuvane-za-praktikantska-rabota-za-mladi-nevraboteni-od-severoistochen-planski-region и апликацијата да се испрати на e-mail: ruralyouth2016@gmail.com.

За условите за вклучување на проектот преку овие компоненти посетете го нашиот профил на https://www.facebook.com/sozdavanjemoznosti/.

Kонтакт телефон  078-360-385.

SAM_1129 (Medium) SAM_1127 (Medium)