Се одржа манифестацијата „Краиште 2016“

Во местото Голеш, на тромеѓето помеѓу Македонија, Бугарија и Србија, на големиот христијански празник Петровден се одржа традиционалната меѓугранична средба „Краиште 2016“.

На средбата присуствуваа градоначалниците на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, на Босилеград, Владимир Захариев и претставник од општина Ќустендил како и голем број жители на овие општини и иселеници кои потекнуваат од овие краишта.

– Овие средби се одлична можност за дружење меѓу нас соработниците од општините од пограничниот крај, но пред се на граѓаните и месното население од оваа област каде е долга традицијата на вакви среќавања на кои се зближуваат народите од трите страни на граничните линии. Ова денес им е особено лесно бидејќи од 8 до 20 часот времениот премин е отворен за сите граѓани и може да се минува само со лична карта или патна исправа, рече по средбата Алексовски.

Тој додаде дека овој голем празничен народен собир е можност за дружење со пријателите од Србија и Бугарија, а граѓаните кои доаѓаат и од разни краеви на овие земји се среќаваат и со роднините и пријателите.

Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма со настапи на фолклорни друштва и ансамбли од трите општини.

Vesti.Still035 (Medium) Vesti.Still034 (Medium) Vesti.Still029 (Medium) Vesti.Still028 (Medium)

Големина на фонт
Контраст