Средба на градоначалникот Алексовски со претставници на Минстрој

Денеска ( 05.07.2016 година ) претставници на Минстрој од Бугарија, концесионерот кој го доби поранешниот рудник Тораница во Крива Паланка, остварија средба со Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски.

На средбата Градоначалникот Алексовски беше запознаен со текот и активностите кои планираат да ги преземат во наредниот период за рестартирање на рудникот. Притоа беше истакнато дека паралелно ќе се одвива рестартирањето на двата рудника и на Злетово и на Тораница со тоа што во рудникот Злетово се почнати активности за создавање на услови за работа на рударите и поради тоа што голем дел од јамите во рудникот Злетово се поплавени и за таа цел се пристапува кон одводнување на истите. Со оглед на тоа дека во рудникот Тораница ваква состојба нема, концесионерите ќе пристапат кон согледување на работата во овој рудник. Притоа ќе се постави раководниот кадар и континуирано ќе почне со прием и вработување на останатите работници во рудникот Тораница.

Како што беше истакнато на средбата, заложба на концесионерот Минстрој ќе биде што побргу да се отпочне со работа и со производство на концентрат.

Од страна на Градоначалникот г-дин Алексовски им беше соопштено дека рудникот Тораница е многу важен сегмент во економијата на Крива Паланка и е многу важно што побргу да се рестартира. За таа цел Општина Крива Паланка ќе ја даде комплетната поддршка во рамките на своите можности и надлежности .

13606811_760721364071007_5007867510763846829_n 13590409_760721317404345_2634913660897872169_n 13567478_760721190737691_7993347488030322179_n 13567284_760721170737693_3340024973459388453_n

Големина на фонт
Контраст