Зелена недела на ЕУ во општина Крива Паланка

По повод Зелената недела на ЕУ 2016, во Градскиот парк во Крива Паланка, на 16.06 2016 година, се одржа манифестацијата „Еколошки хепенинг“, која ја организираше ЕУ инфо точката од оваа општина, во соработка со ЕУ инфо центарот при делегацијата на ЕУ во Р.Македонија.
Еколошкиот хепенинг, под мотото „Инвестирање во зелената иднина“ содржеше повеќе компоненти:сценско-музички точки, еколошки рецитал, еколошки пораки,  делење на едукативни флаери и летоци, како и целодневен ликовен хепенинг со еколошка содржина. На еколошкиот хепенинг му претходеа неколку работилници со учениците од ООУ „Илинден“ Крива Паланка.
На манифестацијата учество зедоа учениците од ООУ  „Илинден“ под менторство на нивните наставници, Сузе, Маре, Живка и Добри и членовите на Ликовниот клуб при Центарот за култура, во Крива Паланка под менторство на професорот Роберт Цветковски.
Манифестацијата ја поздрави градоначалникот на општина Крива Паланка, г-н Арсенчо Алексовски, кој истакна дека соработката со ЕУ се остварува на повеќе полиња, меѓу кои е и областа на екологијата. Алексовски посочи дека овој еколошки настан е во насока на валоризирање на еколошките вредности, со цел да се даде придонес за зелената иднина и за зелена општина Крива Паланка.

[embpicasa id=”6298162790977551089″]

Големина на фонт
Контраст