Се одржа манифестацијата „Рели Калин Камен 2016“

На 24 мај традиционално по осми пат во организација на Општина Крива Паланка и АМК „Офф Роад Осогово“ се одржа ревијалната спортска манифестација „Рели Калин Камен 2016“. Манифестацијата се одржува во чест на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

– Радува фактот што секоја година има се поголем број учесници, а изминатите неколку години оваа спортска манифестација добива и меѓународен карактер. Покрај бројните учесници од речиси цела Макеоднија – Велес, Пробиштип, Штип, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Охрид, Крива Паланка, Кочани и Македонска Каменица, имаме учесници и од соседна Бугарија и Србија, нагласи градоначалникот Алексовски на стартот на релито.

Од стартната позиција на градскиот плоштад тргнаа околу 120 џипови, 50-тина мотори и 10-тина офф роад возила, на браната Злетовица се приклучија учесници од Пробиштип, додека на Царев Врв се приклучија околу 50 џипови и 50-тина моторџии од Македонска Каменица и Кочани.

Стартот на патеката е плоштадот во Крива Паланка, се минува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, се до манастирот Свети Јоаким Осоговски, каде под покровителство на Општината се организира заеднички ручек за сите учесници.

Должината на патеката е 64 километри, од кои 80 отсто е неасфалтиран пат, а највисоката точка до која се вози е Царев Врв (2.085 метри), втор по височина врв на Осоговието.

[embpicasa id=”6288530675034684849″]

Големина на фонт
Контраст