Градоначалникот на Крива Паланка ги поздрави матурантите

Градоначалникот на општина Крива Паланка, г. Арсенчо Алексовски заедно со претставници на општинската администрација им ја честита матурата на 52-та генерација матуранти кои го завршија своето образование во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.

Алексовски секоја година со особено задоволство на последниот училишен час ги посетува матурантите кои од овој момент се наоѓаат пред пресвртница и сериозна обврска да го одберат своето идно занимање и професија. Посакувајќи им успех во понатамошниот живот традиционално ги почести со торта, со надеж дека како и до сега ќе бидат достојни репрезенти на општината и дека некој од нив во иднина ќе ја води нашата општина – рече Алексовски.

Директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, Миле Милковски, исто така ги поздрави им го честита завршувањето на средното образование им посака матурската забава да помине во пријатна атмосфера, и повика на заедничка веселба и дружење, и убави спомени од средношколските денови .

– Ова се денови кои засекогаш остануваат во сеќавањата на секој човек пред да тргне во битка со посериозните животни предизвици, им порача Милковски на матурантите и им посакаа успешна иднина и што помалку искушенија на тој пат.

[embpicasa id=”6285962127848581057″]

Големина на фонт
Контраст