Санирање на пристапниот пат околу Здравствениот дом

Во текот на вчерашниот ден, Општина Крива Паланка започна со санирање на пристапиниот пат околу Здравствениот дом во Крива Паланка. На одредени места е извршено проширување на патот и нивелирање на истиот. Само во текот на вчерашниот ден беа вградени околу 900 м2 асфалт.Градежните активности продолжуваат и во текот на денешниот ден. Изведувач на градежните работи е градежната фирма, „Лабино –Трејд“  од Гостивар.