Санација на пристапот околу Здраствениот Дом во Крива Паланка

На барање на ЈЗУ Здравствен Дом Крива Паланка,  доставено до совет на Општина Крива Паланка за санација на пристапот околу Здравствениот дом поради лошата состојба на иститот, Советот на Општина Крива Паланка одлучи да го прифати барањето и во рамки на градежните активности за асфатирањето на територијата на Општината да извршии санација на пристапот околу здравствениот дом. Во текот на изминатите два дена се започна со градежни активности и во зависност од временските услови се очекува истите да завршат за една недела при што ќе бидат заменети над 700 м2 оштетен асфалт.

Изведувач на градежните активности е градежната фирма „Лабино Трејд“  од Гостивар.

13051742_1062125993858209_8982767120247296329_n 13061978_1062125990524876_6086829457687181149_n 13077083_1062126033858205_8620209436219546118_n 13094139_1062126043858204_963880100882591932_n