Асфалтирање на дел од улицата „Илинденска”

Во текот на изминатата недела, Општина Крива Паланка изврши замена на оштетените асфалтни површини на дел од улица “Илинденска”, при што беа вградени над 700 м2 нов асфалт.
Градежните активности околу санирање на оштетени асфалтна површини продолжува и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика и временските услови.
Изведувач на градежните работи е градежната фирма “Лабино-Трејд” од Гостивар.