Втор состанок на групата заинтересирани страни за развој на Пчињски регион

На 20 април 2016 година, во манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка, се одржа втор состанок на групата заинтересирани страни за развој на Пчињски регион.

Иницијативата за овој состанок произлезе како активност од проектот за Поттикнување на регионалната соработка и рамномерен територијален развој на земјите од Западен Балкан во процесот на интеграција во ЕУ , поддржан од Постојаната работна група за развој на регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа.

Целта на средбата беше дискусија во врска со анализа на тематските области преку оценка на природните, културните и човечките ресурси, животната средина и инфраструктурата, како и можности за промоција и поддршка на локални производи во регионот Пчиња.
Исто така, средбата имаше  за цел да се разговара за визијата на регионот, стратешките цели и приоритети и следните чекори кои се поврзани со истражување за утврдување на фактите потребни за работата на идните состаноци.

Состанокот го отвори Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, а свое обраќање имаа универзитетскиот професор г-ѓа Сузана Ѓорѓевиќ-Милошевиќ и Предраг Марковиќ, менаџер на проектот.

_DSC0433 _DSC0417 _DSC0367 _DSC0365