Асфалтирање на дел од улицата „Гоце Делчев“

Во текот на вчерашниот  ден, во рамките на програмата за одржување на локални улици и патишта за 2016 година, Општина Крива Паланка започна со асфалтирање на дел од улицата „Гоце Делчев“. По претходно извршено тампионирање и нивелирање на улицата се изврши поставување на асфалтен слој со вкупна површина од над 500 м2. Асфалтирањето на преостанатите делови од оваа улица ќе продолжи во текот на наредните денови со кое ќе бидат вградени вкупно над 1 600 м2 асфалт. Исто така на дел од улицата ќе бидат поставени и собирни решетки за одведување на атмосферските води.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.

[embpicasa id=”6273668662852421617″]

 

Големина на фонт
Контраст