Премиерот Димитриев во посета на Крива Паланка

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев, денеска ја посети општина Крива Паланка.

Во рамки на посетата премиерот Димитриев заедно со градоачалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски, пратеникот во Сообранието на РМ г-ѓа Слаѓана Митовска и  претседателот на Советот на општина Крива Паланка г.Борче Стојчевски поставија камен темелник  за изградба на локален пат во с. Жидилово во должина од 1км со вредност од 17.689.702,84 денари обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој  преку мерката 322-Обнова и развој на селата. На настанот присуствуваа претставници на општинската администрација, голем број на граѓани и жители на с. Жидилово.
Проектот опфаќа припремни работи, изведба на долен строј, одводнување, како и горен строј-тампон од дробен камен и двослоен асфалт-бетон со изработка на каналети и риголи, како и поставување на ивичници долж трасата. Изведувач е фирмата Цвет Компани од Скопје, а надзор Хидро Градежен Инженеринг.
Потоа, беше поставен и камен темелник за изградба на локален пат од с. Варовиште до Манастирот Св. Јоаким Осоговски во должина од 2 км (т.н Руски пат). На настанот присуствуваа и претставници од МПЦ и неговото Високопреосвештенство, Митрополитот кумановски и осоговски г.Јосиф. Вредноста на проектот е  17.649.807,52 денари обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој преку мерката 323-Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.
Проектот опфаќа припремни работи, изведба на долен строј-земјани работи, одводнување со пропусти и цевки, како и горен строј-поставување на тампон од дробен камен и асфалт со изработка на риголи, како и поставување на ивичници. Ширината на коловозот е предвидена да биде 4 метри, со проширувања на делови од трасата. Изведувач е фирмата Цвет Компани од Скопје, а надзор Хидро Градежен Инженеринг.
За наредниот период, премиерот Димитриев и градоначалник Арсенчо Алексовски, најавија и проекти за изградба на канализациски мрежи со пречистителни станици во селата Мождивњак, Дурачка Река и Длабочица. Ќе се гради и пат до локалитетот Калин Камен, кој е значаен за развој на локалниот туризам, пат од црквата „Св. Теодор Тирон“ преку местото Кула до селото Деловодци и пат од село Конопница до конопничка рампа.

[embpicasa id=”6262656810714077809″]

Големина на фонт
Контраст