Општина Крива Паланка на Симпозиум на градоначалници и Глобална конференција за урбан развој во Грац, Австрија

Во организација на Светската банка и финансиски подржано од Австриската програма за урбано партнерство во Грац, Австрија се одржа настан насловен како „Програма за урбано партнерство 2“, која започна со „Симпозиум на Градоначалници“. На настанот учествуваа околу 150 учесници, меѓу кои и 30–тина градоначалници од регионот на ЈИЕ – Македонија, Србија, Албанија, Косово, БИХ и Хрватска. Овој настан се одржа во Конгресниот Центар на Грац во периодот од 29 февруари до 01 март, на кој се дискутираше за надградба на четирите компоненти – MFSA; URBAN AUDIT; SOCIAL ACCOUNTABILITY и INTEGRITY BULDING, каде имаше голем број на презентации и тематски панел дискусии на претставниците и градоначалници на градовите и општините од регионот на ЈИЕ.
Од општина Крива Паланка учествуваа градоначалникот Арсенчо Алексовски и Валентина Ангеловска виш соработник за локален економски развој и регионална соработка.
На овој Симпозиум на градоначалници специјални гости беа градоначалниците на Оклахома Сити, на Грац и Виљнус од Литванија кои дадоа своја визија за развојот на своите градови, како и развивањето на концептот на „паметен град“и економија базирана на знаење преку развојот на таленти, привлекувањето на инвестиции и подршката на постојните бизниси. Голем акцент ставија на квалитетот на животот како предуслов за остварување на горенаведените стратешки насоки.
Во периодот од 02 до 03 март, а со финансиска подршка на Светска Банка, претставниците од општина Крива Паланка учествуваа на Глобалната конференција под наслов „Урбана иднина“ која се одржа во конференцискиот  центар на Грац – MESSE GRAZ, на која учествуваа повеќе од 1600 претставници на градови, проектантски фирми, универзитетски професори, официјални лица на ЕУ и Евроспката комисија, како и претставници на компании од сите континенти.
Тематски овој настан беше поделен во четири сегменти  и тоа мобилност, живеење и урбано планирање, комуникации и ресурси и беа одржани 33 панел дискусии.
На овој настан збор зедоа експерти од целиот свет кои дискутираа за промените кои во иднина треба да ги направат локалните власти користејќи ги најновите технолошки достигнувања во делот на заштита на животната средина, енергетската ефикасност и електрониката за да се дојде до „паметни градови“ во кои граѓаните ќе имаат висок степен на квалитетно живеење.
Светска Банка, како покровител на двата настана, ни овозможи на директен и интерактивен начин да добиеме информации, знаења и да размениме искуства за сите предизвици од интерес на општина Крива Паланка.

[embpicasa id=”6260767233953591825″]

 

Големина на фонт
Контраст