Промовирана книгата „Еколошко движење во кривопаланечко“

Вчера, во Големата сала на Општина Крива Паланка, беше промовирана книгата „Еколошко движење во кривопаланечко“ од Љубомир Стојнев, дипломиран шумарски инжинер. Ова е трето дело на авторот кој ги има објавено и книгите „Кривопаланечко во борба со ерозијата во XX век“ и „Шумско стопанство во Крива Паланка 1990-2010 година“.

Книгата е издадена со финансиска подршка на Општина Крива Паланка, а сите заинтересирани граѓани можат да ја најдат во градската библиотека во Крива Паланка како и во училишните библиотеки.