Организирана средба на тема „Кроење на овошките и нивна заштита“

Општина Крива Паланка во соработка со Овоштарскиот институт од Ќустендил Р. Бугарија организираше средба на тема „Кроење на овошките и нивна заштита“. Средбата пред присутните кривопаланечки овоштари ја отвори градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски.
Теоретскиот дел за кроење на овошките и нивна заштита беше презентиран од страна на експерти од Институтот за овоштарство од Ќустендил.
Практичната резидба беше извршена врз овошниот насад на имотот на црквата „Свети Димитрија“ каде проф. д-р Димитар Домазетов, директор на Ќустендилскиот институт за овоштарство, демонстрираше резидба на јаболка, слива и круша.