Прогласени најубаво украсените семеен дом и деловен објект

Традиционално, како и секоја година, градските власти на Крива Паланка ги украсуваат најфрекфентните делови од градот, но празничниот амбиент го збогатуваат и самите граѓани кои ги украсуваат своите домови, дворови и балкони како и работните места. Најкреативните добија награди од локалната самоуправа!
И годинава општината го препозна вложениот труд, време, енергија и инвентивност на најкреативните кривопаланчани кои самоиницијативно ги раубавија своите семејни домови и деловни објекти по повод новогодишните и божиќните празници.
Според жири комисијата од локалната самоуправа за најубаво украсен семеен дом беше избрана куќата на семејството Митвски која се наоѓа на ул. Коце Металец во населба Грамаѓе, а за најразубавен деловен објект беше прогласена пицеријата „Елит“ за што добија симблични награди од градоначалникот Алексовски.
Семејството Митовски традиционално ја декорираат својата куќа и притоа велат дека воопшто не им недостигаат идеи, желби и труд за да го сторат тоа на најоригиналниот можен начин. Се разбира за тој дел поголем удел имаат децата и припадничката на понежниот пол.
Сопственикот на најубаво украсениот деловен објект вели дека нивна цел е доловување на поафтентичен новогодишен амбиент пред се за клиентите, но и за минувачите низ главната улица на градот.
Одговорните од општината порачаа дека наградите кои се доделуваат седма година по ред се само симболичен начин за мотивација на сите кривопаланчани за да дадат свој мал придонес во празничниот лик на градот.

s2

  IMAG4963 (Medium)IMAG4961 (Medium)IMAG4959 (Medium)IMAG4960 (Medium)