Општина Крива Паланка дел од проектот „Биолатерално и смисловно користење на ресурсите од животински намирници“

Во рамки на програмата Европа за граѓанките и граѓаните се реализираше проектот „Биолатерално и смисловно користење на ресурсите од животински намирници“.  По упатената покана од општина Грос-Цимерн од Германија, Општината Крива Паланка даде свое учество со студиска посета во периодот од 9 до 13 октомври 2015 година. Делегацијата на општина Крива Планка беше предводена од градоначалникот г.Арсенчо Алексовски, претседателот на Совет м-р Борче Стојчевски, претставник од ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г.Славче Станковски, како и г.Миле Величковски претставник на производителите на храна.
Манифестацијата се одржа во Грос – Цимерн Германија во која беа инволвирани 447 учесници, меѓу кои и 4 учесници од Крива Палнка, 29 учесници од градот Ригнано сули Арно – Италија, 2 учесника од Вурпар/Бургберг- Романија и 412 учесници од Грос Цимерн -Германија.
Манифестацијата опфаќаше запознавање со готвење во заедничка кујна со намирници од биолошко производство,а беа одржани дискусии за рецепти, видови и начини на биолошко производство на храна, размена на искуства и можна примена кај земјите учеснички. Исто така беше презнтирано и еколошкото производство и направена екскурзија за презентација на ваквиот начин на производство на храна. На предавањето „Структурите на еколошкото производство“ е потврдено дека биолошкото земјоделството е единствена алтернатива за одржливо земјоделство наменето за идните генерации.
Од уметничката работилница на тема „Отпадоци од намирниците“ произлезе една заедничка слика која е јавно истакната во собранието на општината Грос – Цимерн. Презентацијата на фармерскиот пазар и понудата за продажба на еколошки производи со главна тема здрава храна беше посетена од домашни гости . Беа посетени и шумарското училиште и овоштарска фарма од што произлезе заложбата за производство на овошни сокови во матичните земји на посетителите.
Последниот ден беше посветен на дискусија и потпишување на завршна изјава со која се потикнува понатамошното еколошко земјоделство.

Проект „Биолатерално и смисловно користење на ресурсите од животински намирници“