Санација на мост во село Т’лминци

Општина Крива Паланка отпочна со санација на оштетениот краен масивен столб на армирано бетонскиот мост во с.Т’лминци со изградба на армирано бетонски крила на крајниот масивен столб и насипување со насип покрај крилата при што ќе се зашити мостот од поголеми оштетувања.

Мостот беше оштетен при поплавите кои ја зафатија општината во тек на месец јануари оваа година при што беа оштетени повеќе инфраструктурни објекти.

Финансиски средства за санација на мостот се обезбедени од буџетот на Општината.

 [embpicasa id=”6233317928183240113″]

Големина на фонт
Контраст