ОOУ „Jоаким Kрчовски“ продолжува со еколошките активности

ООУ „Јоаким Крчовски“ како Еко училиште отпочна со реализација на првите активности на уште еден еколошки проект под наслов „Е-отпадот создава можности“.
Проектот е во организација на ЗГ „Центар за климатски промени“ од Скопје подржан од постапувачот со електричен и електронски отпад фирмата ЕЛКОЛЕКТ Доо Скопје и Амбасадата на САД во Република Македонија.
За таа цел денеска во училиштето беше одржана првата едукативна презентација за потребата од селектирање и рециклирање на електричниот и електронскиот отпад кој од ден во ден го има во се поголема количина.
Едукативната презентацијата ја спроведе проект менаџерот на Центарот за климатски промени Бојана Станојевска Пецуровска.
Отпочнувањето на проектните активности го подржаа со свое присуство Градоначалникот на Општина, Арсенчо Алексовски, Коориднаторот за еколошки активности од Општината, Бранко Велиновски, Директорот на фирмата ЕЛКОЛЕКТ од Скопје, Фани Христовска и членовите на Еко одборот од училиштето.
Овој проект се реализира во уште 19 други училишта во Република Македонија и ќе трае до крајот на учебната година. На крајот најактивните училишта влезени во проектот ќе бидат наградени.
По одржаната презентација за целта на проектот беше спроведено и првото одлагање на неупотреблив електронски и електричен отпад кој учениците го имат донесено од првата смена. Одлагањето на отпадот беше спроведено во специјалниот сад обезбеден од ЗГ „Центар за климатски промени“ преку проектот.
Од страна на Директорот на училиштето и Еко одборот на училиштето беше поздравена оваа заложба и иницијатива на Центарот за климатски промени за справувањето со овој вид на отпад. Воедно беше изразена голема благодарност за прифаќањето на ова училиште во реализацијата на наведениот проект.

SAM_2048 (Medium) SAM_2053 (Medium) SAM_2054 (Medium) SAM_2055 (Medium)