Потпишан договор за изградба на фекални канализации

Денеска во кабинетот на градоначалникот Арсенчо Алексовски беше потпишан договор помеѓу општина Крива Паланка и градежната фирма Лабино Трејд ДООЕЛ од Гостивар за изградба на фекална канализација со пречистителна станица во с.Мождивњак ( изградба на разновидна мрежа со ревизиони шахти и пречистителна станица –П1-краци К12, К14, К15, К16, К17 И К13, пречистителна станица П2-краци К10 и К11, пречистителна станица П3 –краци К5, К7, К6, К8 и К9, пречистителна станица П4-краци К22 и К23), фекална канализација на локалитетот покрај Дурачка Река ( потег„1“ 0+000.00 до 0+435.56, потег „2“ 0+435.56 до 0+899.56, потег „3“ 0+899.56 до 1+403.61) и фекална канализација во с.Длабочица (крак „Д1“, крак „Д2“, крак „Д3“, крак „Д4“ и крак Колектор „К“).
Проектот е финансиран од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

1 (Medium) 2 (Medium) 4 (Medium)