„Класен час“ со Градоначалникот Алексовски

Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски заедно со тим од Општината изврши посета на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка. Посетата беше извршена со цел да се оствари непосреден контакт со учениците-средношколци, да се чујат предлозите, добри идеи и мислења кои ќе ги дадат учениците со цел подобрување на воспитно образовниот процес, подобрување на животот на младите како и од сите други аспекти на животот на младата популација во Крива Паланка.
Беа посетени кабинетите по билогија, електро-техника, географија, дворот на гимназијата како и други простории. Од самата посета се констатира дека инвестициите ќе им овозможат на учениците многу поквалитетна настава и нивно навремено усмерување и применување на практична настава во образованието.
На класниот час Градоначалникот Алексовски ги поздрави Директорот Миле Милковски, присутните професори и ученици укажувајќи дека ваквите посети се дел од Агендата за подобрување на образовните процеси во Гимназијата и основните училишта во Крива Паланка. Ги повика учениците да разговараат како со пријател и да укажат и предложат добри идеи, мислења, но и да укажат на некакви недостатоци со цел истите да се реализираат односно проблемите да се надминат.
Од страна на учениците беа поставени најразлични идеи и предлози како што се Давање на општинска помош за отворање на дисперзирани студии, Отворање на локално радио за информирање по можност во гимназијата; Именување на член од учениците во Гимназијата СОУ Ѓорче Петров во Советот на Млади; Давање на помош на учениците за започнување на занаетчиско работење, кои нема да продолжат со повисок степен на студирање; организирање на проекти за самовраборување и доквалификација; Воспостваување на предмет „Комуникација и јавен настан“; Воспоставување и проширување на наставата со практични и актуелни насоки и предмети за изучување; Воспоставување на нови лаборатирии за практична настава; Можност за воведување на носење на униформи во гимназијата; Наградување на ученици кои освојуваат повисоки награди на позначајни натпревари; Помош во формирање на доброволно Противпожарно друштво; Користење на општинскиот автобус; како и барање на помош во подобрување на условите за престој и учење во Општинскиот Ученички Дом „Боро Менков“.
Градоначалникот соодветно одговори на прашањата укажувајќи на надлежносите на општината и на останатите институции, изразувајќи подршка и помош во реализирањето на предложените активности кои се оправдани и кои можат да дадат придонес во образовниот процес и други активности на младите. Воедно истакна дека Општината е секогаш отворена и дека учениците можат да извршат соодветни консултации кај стручните служби. За крај се заблагодари на сите присутни изразувајќи благодарност за земеното учество и активност на учениците, Директорот и наставниот кадар со напомена дека за да се чујат предлозите и проблемите на учениците ќе бидат организирани и други вакви посети.