Општина Крива Паланка продолжува со санација на оштетени асфалтини површини

Општина Крива Паланка во рамките на програмата за тековно одржување изврши санација на оштетени афлатни површини на дел од улицата „Свети Јоаким Осоговски“ и тоа на потегот од Осички мост до мотел Македонија како и на дел од улицата „8-ми Октомври“ каде заедно беа вкупно вградени околу 200 м2 нов асфалт. Акцијата за санирање на оштетени асфалтни површини на територијата на градот продолжува и во текот на наредните денови согласно временски услови и предвидената динамика.
Изведувач на градежните работи е градежната фирма „ЛАБИНО-ТРЕЈД“ од Гостивар.