Крива Паланка го прослави денот на ослободувањето

Со свечена седница на Советот на општина Крива Паланка, полагање цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ, поставување камен темелник на нов значаен проект во општината како и свечено пуштање во употреба на два веќе реализирани проекти вчера беа одбележани 71 година од ослободувањето на Крива Паланка.

На свечената седница присуствуваа вицепремиерот за економски прашања во Владата на РМ, Владимир Пешевски, партениците во собранието на РМ, Владимир Ѓорчев и Салаѓана Митовска, поранешните градоначалници на општина Крива Паланка,  претставници од МПЦ и останати гости.

-Во сите изминати 24 години од осамостојувањето општина Крива Паланка продолжува со заложбите за сигурна и стабилна иднина бидејќи се соочивме со распад на големите економски капацитети, штo предизвика силен миграциски процес, проблем со невработеноста, но изминатите неколку години Крива Паланка се развива постојано, во соработка и со поддршка на Владата. Се реалзиираат бројни проекти, се вложува во инфратсуктурата, се подобрува културното живеење, се  вложува во спортска инфратсруктура и спортот се подигнува на високо ниво, се развива туризмот, се прават напори за донесување инвеститори, воопшто, ошпштината напредува и постојано се вложува во подобар живот на граѓаните-изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алекосвски.

ГОВОР НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АРСЕНЧО АЛЕКСОВСКИ

На седницата се обрати и вицепремиерот Пешевски кој рече дека во измнатите осум години се ревитализира не само Крива Паланка, туку и државата, најавувајќи ги новите проекти кои ќе се реализираат во Крива Паланка со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во висина од 1 милион евра.

На седницата беше доделена наградата „8-ми Октомври“ која годинава му припадна на Здружението на пензионери од Крива Паланка, а плакети беа доделени и на советниците во општината во периодот 2013-2107.

По свечената седница беше положено цвеќе на споменикот на паднатите борци пред општинската зграда. Агендата настани продолжи со официјално пуштање во употреба на пречистителна станица за вода,  дел од проектот за водоснабдителниот систем Станачка Река  и  Мали Хидроцентрали на доводните цевководи „Калин Камен“ I и II и „Станечка Река“ II, а беше поставен и камен темелник на проектот за водоснабдување на лев брег, Крива Паланка – висока зона .