Средствата од билетите од седмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ донирани во хуманитарни цели

Средствата од билетите од седмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, вчера беа донирани во хуманитарни цели, за помош на наша сограѓанка со пресадена коскена срцевина.

Собраните средства во висина од 44.000 денари, градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски ги врачи на нејзиниот сопругот, а се наменети за покривање на трошоците за постоперативниот престој во Фленсбург, Германија каде и беше извршен  оперативниот зафат.

Хуманитарниот карактер на Меѓународниот театарски фестивал ќе продолжи и понатаму со донирање на средствата од влезниците на лица на кои помошта им е најпотребна.

donacija_teatarski_festival