Шуменските есенски вечери отворени со Изложба на сто најдобри дела од Меѓнародниот конкурс за карикатура “Невестинско Поклонение – 2013”

Во рамките на веќе воспоставената културна соработка со градот Шумен, Република Бугарија, делегација предводена од градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Асенчо Алексовски, директорот на центарот за култура, г.Александар Рангелов и координаторот и автор на Меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско Поклонение“  – с. Конопница, г. Стојанче Величковски, присуствуваа на свеченото отварање на изложбата на сто најдобри дела од Меѓнародниот конкурс за карикатура “Невестинско Поклонение -2013” во градската галерија „Елена Карамихајлова“.

Пред многубројните посетители градоначалникот Алексовски зборуваше за важноста и значењето на воспоставената кутурна соработка, додека координаторот на Конкурсот ги запозна присутните со спецификите на темата и изложените дела.

Заради големиот интерес пројавен за Изложбата, освен во Шумен,  делата ќе бидат презентирани и пред граѓаните на општините Нови Пазар, Каспичан и Смјадово.

Во рамките на работната посета градоначалникот Алексовски оствари средба со градоначалниците на Шумен, Нови Пазар и Смјадово. На средбите освен договорената културна соработка, беа разменети конкретни искуства со бугарските општини за искористувањето на средства од европските фодови и реализираните проекти за зачувување на животната средина.  Во тие рамки беше посетена и новата модерна пречистителна станица за пречистување на отпадните води во општина Нови Пазар.

Во продолжение на рабоната средба беа разгледани културно историските споменици во непосредна близина, Националниот историско-археолошки резерват „Плиска“ , Дворот на Кирилицата и етнопостановката на Општина Смјадово.

На крај на работната посета делегацијата беше примена од директорот на една од најстарите културни установи, Народното читалиште „Добри Војников” организатор на манифестацијата “Есенските шуменски вечери”.

String could not be parsed as XML