Општина Крива Паланка се вклучи во акцијата за одбележување на Денот без автомобили

Општина Крива Паланка активно по втор пат  се вклучи во одбележување на традиционалните европски акции од масовен карактер „22 Септември“ – Ден без автомобили  и „Европска недела на мобилност 2015“ .

На настанот учествуваа околу 200 велосипедисти кои ја промовираа кампањата под наслов „Избери, Промени и Комбинирај“ чија цел е да се развива  дијалог помеѓу засегнати страни од различни аспекти на мобилност, да се предлагаат, променат, комбинираат и изберат нови иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорт пред се планирање и изградба на пешачки, велосипедски патеки како и патеки за лица со телесна попреченост со што би се подобрило безбедното движење и пристапот на сите граѓани во Општината.

SAM_1716 (Medium) SAM_1720 (Medium) SAM_1723 (Medium) SAM_1726 (Medium) SAM_1728 (Medium) SAM_1733 (Medium)