Вежба на ТППЕ по повод Денот на пожарникарите

Денеска 20.05.2015 (среда), со почеток во 09.00 часот, по повод Денот на пожарникарите во училишниот двор при училиштето ООУ „Јоаким Крчовски“, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Крива Паланка успешно спроведе тактичко показна вежба за евакуација на ученици кои се загрозени од пожар во училиштето, во соработка со ОО Црвен Крст од Крива Паланка.

[embpicasa id=”6150932988754857057″]

На вежбата присуствуваше и првиот човек на градот г.Арсенчо Алексовски, претставници од општинската администрација, директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, г.Миле Милковски, претставници од ОО Црвен Крст, учениците од самото училиште и нивните наставници како и директорот на ООУ „Јоаким Крчовски“, г.Драги Ристовски, кој даде поддршка на вежбата и покрај останатите ученици и тој беше успешно евакуран.

Вежбата беше успешно спроведена од пожарникарите и Командирот  од ТППЕ Крива Плаанка.

Големина на фонт
Контраст