Градоначалникот на Крива Паланка ги поздрави матурантите

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски,  ги посети матурантите од општината кои го завршуваат средното образаование во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.

Алексовски ги почести торта и им посака успех на полагањето на државна матура и при уписите на факултетите.

-Секоја година со особено задоволство на последните училишни часови ги посетувам нашите матуранти кои од овој момент се наоѓаат пред пресвртница и сериозна обврска, да го одберат своето идно занимање и професија. Посакувајќи им успех во понатамошниот живот традиционално ги почестив со торта, со надеж дека како и до сега ќе бидат достојни репрезенти на општината и дека некој од нив во иднина ќе ја води нашата општина – рече Алексовски.

Директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, Миле Милковски, потенцираше дека посакува матурската забава закажана за утре ќе мине во пријатна атмосфера, заедничка веселба и дружење, а учениците од средношколските денови ќе понесат убави спомени од средното образование. Toj повика учениците да се однесуваат одговорно таа вечер.

– Ова се денови кои засекогаш остануваат во сеќавањата на секој човек пред да тргне во битка со посериозните животни предизвици, им порача Милковски на матурантите и им посакаа успешна иднина и што помалку искушенија на тој пат.