Рели Калин Камен 2015

Во недела на 24 мај традиционално по седми пат во организација на Општина Крива Паланка и АМК „Офф Роад Осогово“ се одржа ревијалната спортска манифестација „Рели Калин Камен 2015“. Манифестацијата се одржува во чест на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

[embpicasa id=”6153270653496639169″]

Од стартната позиција на градскиот плоштад тргнаа околу 100 џипови и 70-тина мотори, додека на Царев Врв се приклучија околу 50 џипови и 80-тина моторџии од Македонска Каменица и Кочани. Стартот на патеката долга 64 километри е плоштадот во Крива Паланка, се минува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, се до манастирот Свети Јоаким Осоговски, каде под покровителство на Општината се организира заеднички ручек за сите учесници.

Должината на патеката е 64 километри, од кои 80 отсто е неасфалтиран пат, а највисоката точка до која се вози е Царев Врв (2.085 метри), втор по височина врв на Осоговието.

Големина на фонт
Контраст