Презентирани европските програми за прекугранична соработка

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на 26 мај беа презентирани европските програми ИПА за прекугранична соработка и креативна Европа. Презентацијата ја организираа Министерството за локална самоуправа и Делегацијата на ЕУ во соработка со ЕУ Инфо точка при општина Куманово, за да невладините организации и претставници на институции се запознаат со начините каде се можат да аплицираат со проекти.

Станува збор за два различни инструменти на ЕУ, кои имаат различни приоритети и различни услови за аплицирање, цели. Сакаме да им понудиме на операторите од овој регион, да ги препознаат своите идеи, односно во кој од овие фондови сакаат да аплицираат. Во кој од овие фондови тие можат да ги наменат своите проектни идеи – вели Билјана Прентоска, советник во одделение за креативна Европа во Министерство за култура.

Вакви презентации ќе има во Струмица, Битола и Струга.

На настанот претставници од Општина Крива Паланка имаа презентација на свои веќе имплементирани проекти како добри и позитивни практики од Програмата за прекугранична соработка со Бугарија 2007-13.

Големина на фонт
Контраст