Благодарница „Етјен Пат“ доделена на Градоначалникот Арсенчо Алексовски

На свечената промоција од страна на директорот на Центарот за карпеста уметност на Македонија, проф.д-р Душко Алексовски, кој е почесен претседател на Светската академија за карпеста уметност, на Градоначалникот на Општина Крива Паланка му беше доделена благодарница „Етјен Пат“. Градоначалникот Алексовски ја прими благодарницата за неговата помош во организацијата на јубилејот – еден век од откривањето на карпеста уметност на територијата на Република Македонија од еден од најголемите археолози професор д-р Етјен Пат.

Учеството и придонесот на општината Крива Паланка во прославата на јубилејот се состои во прифаќањето на иницијативата за именување на улица во Крива Паланка по името на професорот Пат, која постапка сеуште е во тек.

На Свечената промоција присуствуваше и ќерката на професор д-р Етјен Пат, госпоѓа Женевјев Пат од  Франција, претседателка на Француската асоцијација љубители на литературата за деца, на која и беше доделена благодарница и медал.

Исто така благодарници беа доделени и на Претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, за заслуги за развој на карпестата уметност во Македонија, на Градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски, во која општина беше пуштен во употреба Музејот за карпеста уметност на Македонија,  на Амбасадорка на Франција во Македонија Н.Е. Лоранс Ое,  на Сотир Пастенаров и на Претседателот на  Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

Големина на фонт
Контраст