Асфалтирање на дел од улицата Лозановска

Општина Крива Паланка  во текот на изминатиот викенд започна со асфалтирање на дел од улицата Лозановска. Асфалтиран беше крак од улицата со должина од 85 метри и ширина од 3,5 метри.  Асфалтиарњето продолжува и во текот на денешниот ден на другите два крака  од истата улица.  Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.

Градежните активности за асфалтирање и тековното одржување на улиците продолжува во наредниот период согласно предвидената динамика и временските услови и на други локации во градот.