Во Крива Паланка трибина за бунтот на моторизираниот баталјон од кривопаланечко

Организацијата на резервни офицери на Република Македонија вчера во Националната установа Центар за култура од Крива Паланка одржа трибина посветена на бунтот на моторизираниот баталјон од кривопаланечко против учествто на баталјонот во граѓнската војна во поранешна Југославија во 1991 година.

На трибината присуствуваа градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, претседателот на организацијата на резервни офицери, Ѓорѓи Малковски, претставник од Министерството за одбрана, Веселин Стојановски  командант на првиот моторизиран батаљон од Крива Паланка, Тони Алексовски,  претставник  од Министерството за внатрешни работи и претседателот на сообранието  во тоа време, Раде Алексовски.

-Политичките околности и потези што тогашната Влада на Република Македонија во тоа време ги правеше на патот кон самостојноста, беа, пред се, да не се дозволи уште еден „геноцид врз македонскиот народ“, кој во минатото остави тешки последици врз националанта и демографската состојба на населението. Притоа, за донесување на оваа одлука на Владата пресуден беше бунтот на воените резервисти од кривопаланечкито моторизиран баталјон со пешадиско оружје, кои во таа далечна 1991 година, одбија да заминат во борбените судири на територијата на поранешната СФР Југославија. Со тоа, Крива Паланка уште еднаш се запиша во историјата на Македонија-рече претседателот на ОРОРМ, Малковски.

-По проценката на морално-политичката состојба во тоа време, како командант на Првиот моторизиран баталјон донесов одлука за отфрлање на одлуката да учествуваме во воените активности и борбени судири во ЈНА. Тоа беше прв масовен бунт на непослушност кон ЈНА, по што државниот врв превзеде акција за одземање на воената евиденција во подрачните единици на Министерството за одбрана. Со превземањето на караулите Рамна Нива, Деве Баир и Коприва од страна на Кривопаланечкиет резервисти беа поставени темелите на самостојноста на Македонската држава. Особено значајно е единството на сите членови на батаљонот и тогашното граѓанство-изјави Веселин Стојановски, командант на првиот моторизиран батаљон од Крива Паланка.

Градоначалникто Алексовски рече дека чест е да се имаат за сограѓани резервистите  кои тогаш ја испишале историјата на Македонија.

-Крива Паланка секогаш имала и ќе има херои, со превземањето на караулите од страна на Кривопаланечките резервисти отпочнува осамостојувањето на државата, која неодамна повторно беше на работ да го изгуби својот интегритет, но благодарение на пожртвуваните граѓани, припадници на безбедносните сили, можеме денес овде да говориме со гордост за историјата, која несомнено тогаш со златни букви ја испишале Кривопаланчани-рече Алексовски.