Санација на дел од улицата Свети Јоаким Осоговски

Општина Крива Паланка во рамките на Програмата за тековно одржување на локални улици и патишта  за 2015 година, во  текот на изминатиот период  изврши санација  на оштетениот асфалтен слој на делот од улицата  „Св.Јоаким Осоговски“ и тоа на делот од  спојот  на главната  улица  со влез во Здраствениот  Дом –Крива Паланка.

Истовремено е извршено проширување на делот од улицата се со цел да се овозможи полесна фрекфенција на луѓе и возила во тој дел од градот. Вкупно беа вградени околу 300 м2  нов асфалт. Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.

Градежните активности  за тековното одржување на улиците продолжува во наредниот период согласно предвидената динамика и временските услови и на други локации во градот