Денови на Свидник

Збратимениот град Свидник во периодот од 2 до 5 јули ги прославуваше Деновите на Свидник – 660 години од основањето на градот. По упатената официјална покана од страна на Градоначалникот на Свидник – Јан Холоднак на оваа прослава присуствуваше официјална делегација од Општина Крива Паланка предводена од Градоначалникот Арсенчо Алексовски.

[embpicasa id=”6169068176519535521″]

Согласно на програмата при оваа посета беше потпишан договор за меѓународна соработка пред граѓаните на градот Свидник со што се потврди заинтересираноста на овие две општини кон зацврстување на воспоставената соработка во Крива Паланка во 2014 година.
На церемонијата пред потпишување на договорот, на која присуствуваа видни и истакнати личности од градот Свидник, се обратија двајцата градоначалници. Градоначалникот Холодњак истакна дека е големо задоволството што на прославата на Деновите на Свидник присуствува и македонска делегација, дека оваа прослава е вистински момент за потврдување на определбите на веќе потпишаниот договор во Крива Паланка, а сето тоа во насока кон зајакнување на меѓусебните односи не само на општините туку и на самите граѓани.
Градоначалникот Алексовски им го честита празникот на сите граѓани на општината Свидник, изврши презентација на општина Крива Паланка и ја истакна отвореноста за соработка на сите полиња на заеднички интерес на овие две општини. По потпишувањето на договорот следуваше размена на пригодни подароци, со тоа што Градоначалникот Алексовски на својот колега му подари плакета со стариот Грб на Македонија.
За време на посетата големо беше задоволството да бидат проследени двата настапи на нашата играорна група КУД 8-ми Октомври пред граѓаните на Свидник, проследени со заслужен аплауз.
При посетата, на делегацијата и беа презентирани туристичките потенцијали кои ги нуди градот Свидник и Р. Словачка, односно беше посетен базенскиот комплекс, потоа беа посетени проектите кои се реализираат, како што е реновирање на кино салата, замена на гасоводната и парно линијата во градот како и други проекти. Воедно беше организирана посета на кањон со разгледување на истиот со кајак. Исто така беа остварени контакти со лица од бизнис секторот и се разгледуваа можностите за соработка помеѓу компании од Свидник и Крива Паланка.
Пред завршување на посетата Градоначалникот Алексовски ги покани словачките пријатели за престојните празници кои ги прославува општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст