Отворена сезоната на капење на градскиот базен во Крива Паланка

Кривопаланчани од денес можат да се разладуваат од летните горештини во водите на градскиот базен, бидејќи истиот од денес започна со работа за оваа сезона. Со градскиот базен стопанисува Јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка и оттаму инфромираа дека по направените финални подготовки од утринава базенот е отворен за посетители.
-Како и секое лето, изминатите денови нашите вработени го молерисаа и исчистија од атмосферски наслаги базенот, бидејќи е на отворено и е подложен на надворешни влијанија. Расчистени и подготвени за употреба беа и околните терени за рекреација, игралиштето за кошарка, одбојка на песок и пинг-понг на отоврено кои беа направени минатото лето во комплексот каде се наоѓа базенот-информира директорот на ЈП „Комуналец“, Томе Тодоровски.
Тодоровски напомена дека покрај дневниот билет кој чини 50 денари, од лани се воведени и месечен и сезoнкси билет.
-Месечниoт билет изнесува 500, додека сезонскиот е 1.000 денари и со тоа ќе им овозможиме на сите посетители да го користат базенот почесто. Исто така шанкот кој е во склоп на комплексoт е даден под концесија на приватен субјект и капачите, но и сите кои ќе додјат да побегнат од горештините ќе можат да се освежат. Следната недела за најмладите посетители ќе биде поставена и гејзер-фонтана со што ќе им овозможиме поголема забава и уживање-рече Тодоровски.
Во соработка со Општинската организација на Црвен Крст од Крива Паланка за безбедноста на капачите на градскиот базен се грижат лиценцирани спасители на вода.

Големина на фонт
Контраст