Честитки за пензионерките по повод претстојниот празник 8-ми Mарт

По повод претстојниот празник 8 Март, Денот на жената, градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, ги посети пензионерките од општината и им подари цвеќе.

– Традиционално, веќе шеста година по ред на нашите сограѓанки пензионерки им укажуваме чест и внимание со дарување цвеќе. На сите присутни им подарив каранфили, честитајќи им го претстојниот празник, со желби за добро здравје, среќа и долг живот-изјави градоначалникот Алексовски.

На настанот беа присутни пензионерки од Здружението на пензионери и Здружението на пензионирани инвалиди на трудот од Крива Паланка.

Претседателот на Активот на жени пензионерки, Анка Стојановска, нагласи дека дружењето во ракми на Клубот на пензионери се случува еднаш неделно, секој четврток, а денес покрај гостувањето на градоначалникот кој им подари цвеќе, дружбата ја продолжиија во ресторан.