Свечено одбележан 11 март

Во чест на 11 март патронен празник на Општинската Организација на резервните офицери на Крива Паланка, Градоначалникот г-дин Арсенчо Алексовски им се обрати на присутните на свеченоста што се одржа по тој повод. Тој меѓу другото истакна: 


„ Организацијата на резервните офицери со своите активности пред се дава непосреден придонес во јакнењето на одбранбениот систем на државата преку едукација и обука на своето членство. Тие со своите активности учествуваа на вежби, предавања, државни натпревари каде повеќе пати освојувале признанија и награди. Меѓутоа резервните офицери на општинско ниво со својата стручност даваат и голем придонес на ниво на локаната самоуправа особено во делот на безбедност и заштитата на населението и матријалните добра во случај на природни непогоди и други несреќи.“

 


Свеченоста се одржа по повод 18 годишнината од преземањето на границата на Р. Македонија. На  11 март 1992 година, од страна на ТО Крива Паланка е превземена правта караула “Рамна нива” на македонско – бугарската граница.

Целииот говор на Градоначалникот можете да го превземете од линкот подолу.

  • Говор на Градоначалникот Арсенчо Алексовски, 11 март 2010 свеченост по повод 18 години од преземањето на границата, караула „Рамна нива“. (Преземање на граница.pdf)