Златен Канал им додели награди на најдобрите

Статуетки, со логото на локалната телевизија „Златен канал“ им беа врачени на најдобрите за 2009 година во Крива Паланка, кои беа номинирани во 10 категории.

Наградите беа доделени на манифестацијата, која се одржа во Центарот за култура, по повод првиот роденден на „Златен канал“. Во секоја категорија имаше по 5 номинации, а најдобрите беа избрани со гласови на граѓаните.

Во категоријата најдобро претпријатие победи „Мy market“, за најдобар полицаец беше прогласен Мијалче Стаменковски, а најловџија е  Ивица Јанковски -Маче.

Титулата најдобар спортски работник ја понесе Ведран Белешковски, најдобар наставник е Благој Николовски, а најпрофесор Вера Илиевска.

За најдобар доктор беше прогласена д-р Милка Митовска, нај лице од културата е Александар Тренчевски, а кафе бар кој доби најмногу гласови е „Санта-Фе“.

За нај настан во 2009 година во Крива Паланка беше избран проектот „Летен културен бран“, кој го организираше Центарот за култура.

Покрај статуетките, најдобрите добија и по едно дело „Цвеќе на мирот“ од нашиот познат  уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин, македонски кандидат за Нобелова награда.

Големина на фонт
Контраст