Градоначалникот Алексовски оствари работна средба со економско-трговски претставник од Шведската амбасада

Градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, во петок оствари работна средба со Билјана Џартова-Петровска, службеник за економска и трговска соработка од Амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија.

Џартова-Петровска истакна дека Шведска е присутна во Mакедoнија од 1999 година, а своја амбасада има од 2005, додавајќи дека иако билатералната соработка е згасната, сепак постојат можности за размена на искуства и соработка меѓу општините од двете држави, за што одличен пример е скопската општина Чаир.

-Повод за посетата на Крива Паланка е изложбата која Шведската амбасада ја организира со ЛУ Градски Музеј од Крива Паланка. Со оглед на тоа дека Шведскиот амбасадор е отворен за соработка, а Шведска нуди повеќе видови финансирани напредни обуки за административците и лицата вработени во општините во секторите одржливо урбано планирање и зачувување на природата и екологијата, постојат отворени можности за продлабочување на соработката и воспоставување поблиски релации – изјави Џартова-Петровска.

[embpicasa id=”6131926543889065009″]

Градоначалникот Алексовски нагалси дека Крива Паланка веќе има соработка со Шведскиот град Упсала, односно територијалната противпожарна единица од Крива Паланка и Упсала.

-Упсала донираше две противпожарни возила за нашиот град, а во тек се преговорите за донација на уште едно, како и на градежна машина за потребите на нашата општина. Во однос на споменатата соработка која би можеле да ја оствариме со Шведската амбасада, може да отпочнеме на полето на културата со кривопаланечкиот меѓународен конкурс за карикатура на тема „Снаа-свекрва“- рече Алексовски.

Џартова-Петровска потенцира дека Шведкста амбасада може да помогне во олеснување и финасирање на проекти од областа на екологијата, за што Алексовски го посочи големиот проект за одведување на отпадни води и изградба на колекторкски систем и пречистителна станица на левиот и десниот брег на Крива Река, кој е во фаза на изработка.

Покрај изложбта со која отпочна соработката на Шведската амбасада со општина Крива Паланка на културен план, најавени беа уште и изложбите за таткото и за пристапност на лицата со посебни потреби.

Големина на фонт
Контраст