Градоначалникот Алексовски на класен час во ООУ „Илинден“

Денеска, 30.03.2015 (понеделник), градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски присуствуваше на одделенскиот час со учениците од IX-2 при ООУ „Илинден“, Крива Паланка.

Во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, преку кој беше воспоставена соработка помеѓу ООУ „Илинден“ од Крива Паланка и ОУ „Симче Настовски“ од с.Јажинце, Општина Јагуновце, учениците од IX-2 предводени од одделенскиот раководител Даница Крстевска, претходно по електронски пат односно преку емаил адреса упатија низа прашања и препораки до градоначалникот Алексовски кои се однесуваа на актуелни прашања од локален интерес, проблеми и ситуации од секојдневното живеење во училиштето, но исто така беа отворени и низа прашања кои се однесуваа на мултикултурни теми.

[embpicasa id=”6132010338790983841″]

На иницијатива на градоначалникот Алексовски се одржа денешниот класен час, на која присуствуваа и директорот на ООУ Илинден, психологот, класниот раководител на паралелката и претставници од локалната самоуправа, а учениците поставуваа прашања и даваа идеи за подобрување на работата на училиштето.

Дел од прашањата кои учениците ги поставија на градоначалникот Алексовски се:

  • Обезбедување на паркинг простори за велосипеди,
  • Идеја за носење на училишни униформи,
  • Решавање на проблемот со кучињата скитници,
  • Можност за организирање на целодневен престој,
  • Уредување на школскиот двор наменет за часовите по физичко воспитување,
  • Соработка на градоначалникот со неговите колеги од општините со жители со друга етничка припадност
  • Комуникацијата на учениците од различна етничка припадност преку социјалните мрежи

Градоначалникот Арсенчо Алексовски изрази голема благодарност за интересот и поставените прашања и нагласи дека ова е позитивен гест и иницирање на добра идеја меѓу учениците и првиот човек на општината. На поставените прашања градоначалникот Алексовски даде соодветни одговори, а ги образложи и можностите за решавање на проблемите и реализирање на предложените идеи.

Учениците му се заблагодарија на градоначалникот Алексовски за посветеното време со надеж дека нивните идеи ќе бидат реализирани и ќе бидат од корист за наредните генерации на ученици во ООУ „Илинден“ Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст