26-то издание на фестивалот Гоце Фест

На ден 07.02.2015 година (сабота) во Центарот за култура во Крива Паланка со почеток во 19.00 часот ќе се одржи 26-то издание на фестивалот ГОЦЕ ФЕСТ. Фестивалот ќе биде посветен на нови родољубиви и патриотски песни со фолклорна мелоритмика и богато историско минато на македонскиот народ. Учество на фестивалот ќе имаат врвни македонски музички имиња од фолк сцената, Круме Спасовски, Орце Стефковски и други.

 

За сите посетители на овој настан влезот ќе биде слободен.

 

 

Покровител на фестивалот ГОЦЕ ФЕСТ е Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст