Доделени наградите за најубаво новогодишно украсен дом и деловен објект за 2014/2015

Денес во просториите на Општина Крива Паланка, по повод акцијата за доделување на награди за најубаво новогодишно украсен дом и најубаво новогодишно украсен деловен објект или дуќан, традиционално и оваа година по шести пат беа врачени наградите за најубаво новогодишно украсен дом и деловен објект за  2014/2015.

Од страна на  Комисијата формирана од  Градоначалникот беа  избрани најдобрите и тоа:

За најубаво новогодишен украсен дом е избран домот на семејството Христовски, на улица „Илинденска“ број 18 во Крива Паланка.

За најубаво новогодишен украсен деловен објект е избран објектот на  „Сара Фешн“  на улица Свети Јоаким Осоговски број 204 во Крива Паланка

Градоначалникот Арсенчо Алексовски им ги врачи наградите  на овогодинешните добитници во акцијата за најубаво новогодишно украсување на дом и деловен објект, а воедно им се заблагодари за нивниот труд и кративноста во разубавувањето на новогодишниот амбиент на градот.


Големина на фонт
Контраст