Награди за најубаво украсен дом и дуќан

По повод акцијата за доделување на награди за најубаво украсен дом (двор, тераса) и најубаво украсен дуќан, за прв пат организирана од страна на општина Крива Плаланка, комисијата формирана од страна на градоначалникот на ден 30.12.2009г. излезе на терен за да ги разгледа и фотографира објектите.

На ден 31.12.2009г. Комисија  донесе заклучок дека за најубаво украсен дом и најубаво украсен дуќан  ќе бидат доделени награди на:


   
1. Најубаво украсен деловен објект кој претставува една целина е објектот JAKOMO;



2. Најубаво украсен дом  е на семејството Блажевски, на улица Моша Пијаде.