Новогодишен подарок за најмалите

Градоначалникот на Општина Крива Паланка им ги честита Новогодишните  и Божиќните празници на децата во ОЈУДГ Иво Рибар Лола им посака многу здравје, среќа,безгрижно детство во Новата 2010 година при што  подари 220 новогодишни пакетчиња за најмалите дечиња.

Исто така честитки и подароци упати и во Центарот за деца со посебни потреби при што подари 28 пакетчиња.

Новогодишни подароци добија и децата на загинатите бранители.

Најмалите разиграни дечиња придружувани од Дедо Мраз се радуваа на Новогодишните подароци  се заблагодарија на Градоначалникот и своите новогодишни желби ги искажаа преку песнички и игра.

Големина на фонт
Контраст