Во Крива Паланка одбележан Денот на крводарителството

По повод 17 Март – Денот на крводарителството, градоначалникот на Општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски, приреди свечeн прием за крводарителите од oпштината. Најпрвин градоначалникот Арсенчо Алексовски ги поздрави присутните крводарители, организатори и помагачи, им го честита Денот на хуманоста, изразувајќи го при тоа своето задовоство од постигнатите резултати во минатата година. Посебно беа истакнати учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ и вработените во МВР.

Во знак на благодарност за несебичната подршка (финансиска, материјална и просторна ) при организирањето на акциите и мотивирањето на крводарителите, општинската организација на Црвен крст на Општина  Крива Паланка и на Архиерејското намесништво – Крива Паланка им додели посебни благодарници. Благодарници и значки добија 73 крводарители кои во 2013 година оставарили 50-то, 25-то, 10-то и 5-то дарување на крв.


Големина на фонт
Контраст