Прославен Бадник на градскиот плоштад во Крива Паланка

Ноќта пред Христовото раѓање – Божиќ, кривопаланчани го прославија големиот верски празник Бадник на градскиот плоштад. Со палење на коледарскиот оган се славеше љубовта, радоста и мирот меѓу луѓето со добра волја. Бадниковиот поздрав во рамки на црковните свечености на кривопаланчани им го пренесе архирејскиот намесник, протереј ставрофор Добрислав Бошковски, а на граѓаните им се обрати градоначалникот г.Арсенчо Алексовски посакувајќи им добро здравје, среќа и бериќет по повод Божиќните празници.

Градоначалникот Алексовски и овогодишниот кум Зоран Димитровски го запалија бадниковиот оган, а потоа сите граѓани прославија со славска посна трпеза и топла ракија обезбедена од кумот и општина Крива Паланка.

И оваа година традиционално се делеа лепчиња за избор на новиот кум. Најсреќен беше Славчо Дејанов, кај кого, од повеќето пријавени, се падна паричката.


Големина на фонт
Контраст